TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
ДРУГО

Денеска 28 февруари 2026 година се празнува Тодорова сабота

28 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Денеска се празнува Тодорова сабота – првата сабота од Великиот пост, посветена на преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон.

Овој празник нè враќа во времето на царот Јулијан Отстапник, кој по смртта на Констанциј, синот на светиот цар Константин, отпаднал од христијанската вера и повторно го вовел идолопоклонството. Иако се откажал од јавно и свирепо гонење на христијаните, смислил подмолен начин да ги оскверни.

Во првата седмица од Великиот пост, царот му наредил на градскиот управник да ја тргне чистата храна од пазарите и да ја замени со лебови и пијалаци осквернети со крв од идолски жртви. Намерата била оние што постат, купувајќи од пазарот, несвесно да се осквернат.

Но, по Божја промисла, оваа завера му била откриена на свети Теодор Тирон. Тој му се јавил на архиерејот Евдоксиј и го предупредил да го извести народот да не купува ништо од пазарите. Кога архиерејот прашал што ќе јадат сиромашните, свети Теодор одговорил: „Нека јадат коливо“ – варена пченица.

Верниот народ го послушал советот и така бил запазен од осквернување. Кога царот видел дека неговата намера пропаднала, наредил повторно да се продава вообичаената храна. Во благодарност за избавувањето, христијаните ја определиле оваа сабота да се слави во чест на свети Теодор, а коливото останало како симбол на Божјата заштита и победата на чистотата над лукавството.


Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски

На овој ден Црквата го спомнува и светиот свештеномаченик Поликарп Смирненски, епископ Смирненски.

Тој се родил како незнабожец, но во христијанската вера го вовел и го крстил светиот апостол Јован Богослов. Рано останал без родители, а го посвоила благородна вдовица по име Калиста, која го воспитала во побожност и милосрдие.

Поликарп бил ученик на апостолите и ревносен следбеник на Христовото учење. Бил ракоположен за презвитер од епископот Вукол, а по неговата смрт бил избран и хиротонисан за епископ на Смирна. Уште од почетокот имал дар на чудотворство: исцелувал болни, изгонуваал демони, со молитва запирал пожар и измолувал дожд во сушни времиња.

Пострадал во времето на царот Марко Аврелиј, во 167 година, на Велика сабота. Три дена пред смртта прорекол дека ќе биде фрлен во оган заради Христа. Кога бил изведен на суд и повикан да се одрече од верата, одговорил: „Не можам да менувам подобро за полошо!“

Иако бил положен на клада, пламенот не го допрел. Потоа бил прободен со копје, а по смртта неговото тело било запалено. Со своето мачеништво останал пример за непоколеблива вера, трпение и љубов кон Бога.


Преподобен Дамјан Есфигменски

Се спомнува и преподобниот Дамјан Есфигменски, монах од манастирот Есфигмен на Света Гора.

Бил современик и другар на свети Козма Зографски. Се подвизувал во строг монашки живот на гората Самарија, меѓу манастирите Есфигмен и Хилендар. Се упокоил мирно во 1280 година. Според преданието, од неговиот гроб четириесет дена се ширело прекрасно благоухание – знак на неговата светост.


Тропар на свети Поликарп

Велик учителу на Црквата Христова, епископе Божји со благодат преисполнет, поучуван од апостолите, дар за пророкување ти беше подарен, Поликарпе, храбар Господов подвижнику, со мноштво венци овенчан, огнот светоста твоја не ја допре, моли се, свети мачениче, да поднесуваме сè со смирение и трпеливо да ги спасуваме нашите души.


Тодорова сабота нè потсетува на силата на верата, на Божјата промисла и на победата на духовната чистота над секоја подмолност. Преку примерот на светите маченици, верниците се повикуваат на трпение, смирение и непоколеблива верност кон Христа.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
19 октомври 2026

Северна Македонија и Бугарија договорија здравствена соработка за периодот 2026–2028 година

СВЕТ
19 октомври 2026

Лисабон прогласен за најдобар град во Европа за 2026 година

МАКЕДОНИЈА
19 октомври 2026

СДСМ бара истрага за објавени резултати од гласањето на болни и изнемоштени во Брвеница

СВЕТ
19 октомври 2026

Закана за бомба пренасочи лет од Тел Авив кон Виена во Софија

МАКЕДОНИЈА
19 октомври 2026

Коментар на Секуловска: случајот со Ива Михаилова отвора прашања за одговорноста на функционерите и политичарите

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
19 октомври 2026

СДСМ ја обвини Владата дека со укинувањето на законот за безбедносните служби ги поништува реформите

МАКЕДОНИЈА
19 октомври 2026

За случајот со Михаилова, Трифонов до Клековски: Види се со некој друг, поклони се пред коските на цар Самoил и испиј една ладна вода

СВЕТ
19 октомври 2026

Зеленски очекува средба со американскиот преговарачки тим во вторник или среда

ДРУГО
19 октомври 2026

Светиот апостол Тома: апостолот чие сомневање ја потврди верата во воскресението

МАКЕДОНИЈА
18 октомври 2026

Жељазко Радуков: Ива Михаилова била третирана поинаку затоа што е Бугарка

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
18 октомври 2026

Почина Васко Јолески, кој повеќе од шест години чекаше трансплантација на срце

СВЕТ
18 октомври 2026

Украински дронови погодија цели во Санкт Петербург и Ленинградската област

МАКЕДОНИЈА
18 октомври 2026

СДСМ го обвини Мицкоски за раст на долгот и побара повисока минимална плата

СВЕТ
18 октомври 2026

Нетанјаху предупреди дека Иран развива ракети што би можеле да стигнат до САД

СВЕТ
18 октомври 2026

Романски Ф-16 собориле два дрона над Црното Море

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
18 октомври 2026

СДСМ бара повлекување на предлозите за нови членови на Судскиот совет

СВЕТ
18 октомври 2026

Најмалку седум загинати во пожар во канадска воена база

ДРУГО
18 октомври 2026

Светата маченичка Харитина – 18 октомври 2026: именден слават Харитина, Радоја и Радмила

СВЕТ
17 октомври 2026

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Останките на цар Самоил ѝ припаѓаат на бугарската нација

МАКЕДОНИЈА
17 октомври 2026

Повеќе пациенти побарале психијатриска помош поради семејно насилство

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
17 октомври 2026

Србија дала најмалку 250.000 евра на здруженија од дијаспората што ја поддржуваат власта на Вучиќ

МАКЕДОНИЈА
17 октомври 2026

Речиси 22 отсто од граѓаните живеат во сиромаштија, а 29,5 отсто од децата се изложени на ризик

СВЕТ
17 октомври 2026

ЕУ и Украина формираа работна група за забрзување на реформите за членство

МАКЕДОНИЈА
17 октомври 2026

Фондација Македонија: Лапсусот на Демерџиев за „српските власти“ во Северна Македонија бил оправдан

СВЕТ
17 октомври 2026

Бугаринот Николај Младенов се споменува како можен кандидат за генерален секретар на ОН

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
17 октомври 2026

СДСМ: Трошоците за земјоделско производство пораснале за 8,8 проценти

СВЕТ
17 октомври 2026

Папата Лав XIV побара од Путин прекин на огнот во окупираниот Олешки за помош и евакуација на цивилите

МАКЕДОНИЈА
17 октомври 2026

Благојчо Георгиев од Кочани: Случајот на Ива бил искористен за вмешување на Бугарија во политичка расправа

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега