05 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини Владата дека лошото планирање и управување со јавните финансии се причината за најавениот ребаланс на Буџетот. Според него, владините објаснувања дека недостигот е последица на намалените акцизи и ДДВ за горивата не се убедливи.
Филипче рече дека приходите од ДДВ и акцизи на горивата лани изнесувале стотици милиони евра и оцени дека намалувањето на овие давачки не може само по себе да го објасни недостигот од околу 130 милиони евра.
Тој посочи и дека повисоките цени на горивата значат поголема основица за наплата, па според неговата пресметка, приходите од ДДВ и акцизи не би требало значително да се намалат.
„Не е добро планиран Буџетот, нема раст и нема добра реализација на капиталните инвестиции“, рече Филипче, додавајќи дека СДСМ предупредувал на ваквите ризици уште при носењето на Буџетот.
Филипче тврди дека во Буџетот недостигаат околу една милијарда евра и дека Владата ќе мора повторно да се задолжува. Тој ја обвини власта дека граѓаните нема да почувствуваат корист од новото задолжување и повторно упати обвинувања за трошење јавни пари преку партиски поврзани тендери.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

