06 октомври 2026
• од Гоце Кически
Набавката на бесплатните вакцини против сезонски грип е во застој, откако на јавниот повик не се пријавила ниту една компанија. Министерството за здравство очекува потребните дози да пристигнат до крајот на октомври.
Како што објави „Фокус“, од Министерството објаснуваат дека проблемот е поврзан со доцнење во производството на вакцините на глобално ниво, а не со постапката за набавка.
Според здравствените власти, годинава има промени во вирусните соеви што се вклучуваат во вакцината против сезонски грип. Тоа влијаело врз производството и достапноста на вакцините на светскиот пазар.
Бидејќи на јавниот повик не пристигнала ниту една понуда, Министерството бара други начини за обезбедување на вакцините. Во тек се разговори со соседните земји и со меѓународни партнери.
Вакцинацијата се препорачува особено за повозрасните граѓани, бремените жени и лицата со хронични заболувања. Јавноста дополнително ќе биде информирана за точниот датум на пристигнување на вакцините и почетокот на имунизацијата.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

