05 октомври 2026
• од Гоце Кически
СДСМ ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски дека ја турка Северна Македонија во политичка изолација и економски проблеми, оценувајќи дека власта ги користи поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како алиби за сопствените неуспеси.
Во соопштението од партијата наведуваат дека претходната влада го обезбедила членството на земјата во НАТО и ги отворила преговорите со Европската Унија, додека актуелната власт, според нив, го забавува европскиот пат и ја влошува меѓународната позиција на државата.
СДСМ тврди дека во периодот на претходната влада биле зголемени платите и пензиите и биле обезбедени мерки за помош на граѓаните за време на ковид-кризата, енергетската криза и почетокот на руската војна против Украина. Од партијата ја обвинуваат сегашната власт и за слаб прилив на инвестиции и зголемено задолжување.
Од СДСМ потсетуваат и на оценките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека претходната власт покажала храброст при носењето важни политички одлуки. Како клучни постигнувања ги посочуваат членството во НАТО, Преспанскиот договор и напредокот кон ЕУ.
Партијата упати остри критики кон Мицкоски, обвинувајќи го дека наместо резултати нуди политички етикети и обвинувања кон опозицијата. СДСМ побара власта да одговори што конкретно постигнала во економијата, дипломатијата и евроинтеграциите.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

