07 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Работниците во земјава најавуваат голем протест на 14 март, со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари.
Протестот ќе започне во 12:05 часот, симболично време кое, според претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, покажува дека „пет до дванаесет одамна поминало“.
Трендафилов предупреди дека доколку институциите не ги слушнат барањата на работниците ниту по овој протест, можно е да се организира општ штрајк.
„На 14 март во 12:05 часот, од Работничкиот дом ќе започнеме нов протест кој ќе се движи кон Собранието, Стопанската комора и Владата. Работниците конечно треба да се охрабрат да излезат и да побараат зголемување на минималната плата, како и зголемување на сите останати плати“, изјави Трендафилов.
Тој нагласи дека синдикатите се борат за зголемување на платите на работниците за најмалку 6.000 денари, додавајќи дека доколку работниците не се борат за подобри примања, тогаш им даваат аргументи на Владата и на работодавачите дека платите во Македонија се доволно добри.
Според него, протестот е порака дека работниците очекуваат конкретни чекори за подобрување на нивниот економски стандард.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

