07 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи воведува нов дигитален систем за известување на возачите на кои им е изречена забрана за управување со моторно возило. Според новите правила, забраната повеќе нема физички да се евидентира на возачката дозвола, туку граѓаните ќе бидат информирани преку СМС пораки и е-пошта.
Системот функционира во две фази. Прво, возачот добива почетна СМС порака која содржи информации за видот и времетраењето на изречената забрана. Оваа порака се испраќа приближно седум дена по комплетирањето на изјавата со контакт-податоците на лицето.
Осум дена по приемот на првата порака, се испраќа втора СМС нотификација. Од моментот на приемот на оваа втора порака официјално започнува да тече забраната за управување со возило.
Од Министерството за внатрешни работи нагласуваат дека новиот систем ја елиминира потребата граѓаните да вадат нова возачка дозвола со забележана забрана, што претходно значеше дополнителни административни процедури и трошоци.
Според податоците на Министерството, досега повеќе од 3.000 забрани за управување со моторно возило, изречени со правосилни судски одлуки, се спроведени преку овој нов дигитален систем.
Надлежните апелираат до граѓаните на кои им е изречена ваква санкција редовно да ги ажурираат своите контакт-податоци – мобилен телефон и електронска адреса – во одделенијата за административни работи. На тој начин ќе обезбедат навремено добивање на известувањата и ќе се избегнат недоразбирања при спроведувањето на санкцијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

