06 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Вработен во РЕК Осломеј бил приведен откако лажно пријавил поставена бомба во објектот, со цел да си замине порано од работното место.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во раните утрински часови на 5 март 2026 година. Околу 02:25 часот, 44-годишниот Р.Б. од Кичево, кој бил вработен во РЕК Осломеј, испратил порака до својот претпоставен во која тврдел дека има доверливи информации дека во еден оддел од електраната е поставена бомба. Во пораката посочил дека случајот треба веднаш да биде пријавен во полиција.
По добиената информација, биле преземени итни мерки за проверка на наводите. Полициски службеници заедно со обезбедувањето извршиле контрола на просториите во РЕК Осломеј, при што било утврдено дека не постои никаква експлозивна направа и дека се работи за лажно пријавување.
Во рамки на истрагата, полицијата го лоцирала осомничениот во викенд-куќа во кичевското село Осломеј. Тој бил лишен од слобода околу 03:30 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Осломеј.
При разговор со полицијата, лицето признало дека пријавата била лажна и дека ја измислил приказната за поставена бомба со единствена цел – да може порано да го напушти работното место.
Осомничениот е задржан во полициската станица во Кичево, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Бугарија очекува железничката врска со С. Македонија да биде завршена до 2030 година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

