05 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Копилот на авион на „Флајдубаи“ планирал да го урне леталото на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, објавија американски и израелски медиуми, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Во авионот имало повеќе од 180 патници.
Според EURONEWS, копилотот со секира го нападнал капетанот и се обидел да ја преземе контролата врз авионот. Истражителите веруваат дека сакал да го насочи авионот кон аеродромот со вообичаена постапка за слетување, а потоа намерно да го урне. Патниците успеале да влезат во пилотската кабина, да го совладаат напаѓачот и да помогнат авионот да се стабилизира.
Властите во Обединетите Арапски Емирати го истражуваат случајот како обид за терористички напад. Во истрагата учествуваат и Израел, САД и други земји, а првичните сознанија укажуваат дека копилотот најверојатно дејствувал сам.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

