06 октомври 2026
• од Гоце Кически
Европската Унија се надева дека следната недела ќе отвори уште две групи поглавја во пристапните преговори со Украина и со Молдавија. Тоа ќе зависи од напредокот во реформите и од одлуките на земјите членки.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека ЕУ очекува украинскиот парламент да ги усвои измените на законите за националните малцинства. Потоа, земјите членки треба да ја забрзаат постапката за отворање на новите поглавја, објави UKRINFORM.
Кос нагласи дека Украина и Молдавија постигнуваат значителни резултати и покрај тешките околности. Таа потсети дека Украина ги спроведува реформите додека се брани од руската агресија и истовремено обезбедува средства за државниот буџет и за армијата.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

