05 октомври 2026
• од Гоце Кически
Соединетите Американски Држави предводат меѓународна коалиција од 17 земји што ја поддржаа Визијата од Кјото за златна ера на науката, соопшти Белата куќа. Документот беше поддржан на меѓународниот форум за наука и технологија во Кјото, Јапонија.
„Заедничката декларација ја одразува заедничката амбиција да ги обновиме и зајакнеме нашите научни системи и да отвориме златна ера на откритија и просперитет“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Според американската администрација, иницијативата треба да поттикне нови начини на финансирање на истражувањата и поширока употреба на напредната вештачка интелигенција во науката. Посебен акцент е ставен на автоматизираното спроведување експерименти, анализата на научни податоци и подобриот пристап до компјутерска и истражувачка инфраструктура.
Американската делегација ја предводеше директорот на Канцеларијата за наука и технологија на Белата куќа, Мајкл Крациос. Земјите потписнички се обврзаа и на поголема поддршка за студенти, млади научници и истражувачи на почетокот на нивната кариера.
Меѓу земјите што се приклучија на иницијативата е и Бугарија. Од Европската Унија документот го поддржаа и Кипар, Германија, Грција, Италија и Полска.
Покрај САД и земјите од ЕУ, визијата ја поддржаа Аргентина, Чиле, Индонезија, Јапонија, Казахстан, Република Кореја, Нов Зеланд, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

