03 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Руските сили загубиле уште 1.560 припадници во борбите во Украина во изминатото деноноќие, соопшти украинската војска. Вкупните руски загуби од почетокот на инвазијата се проценуваат на околу 1.538.950 војници.
Според податоците што ги пренесе UKRINFORM, Русија за еден ден загубила и три тенка, шест оклопни борбени возила, 45 артилериски системи, 422 други возила и 1.645 беспилотни летала.
Украинските власти наведоа дека податоците сè уште се ажурираат. Претходниот ден биле регистрирани 164 борбени судири долж линијата на фронтот.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

