10 ноември 2026
• од Елена Иванова
Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Бен Нупнау, присуствуваше на настанот со кој беше означен почетокот на петтиот циклус од програмата за размена „Супер училишта“.
Програмата е кофинансирана од Европската Унија и Германија, а ја спроведуваат Регионалната канцеларија за младинска соработка и Германското друштво за меѓународна соработка.
Преку размената, учениците од Северна Македонија ќе можат да се поврзат со врсници од Западен Балкан, да создадат пријателства и да работат заедно на активности за подобра иднина во регионот, соопшти Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

