26 јули 2026
• од Гоце Кически
По неколкуте жешки денови, понеделник носи посвежо време со повеќе облаци и повремен дожд. Во некои делови од земјата се можни и краткотрајни невремиња со силен ветер, грмежи и локална појава на град.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, а на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Метеоролозите предупредуваат дека локално може да се развијат краткотрајни невремиња проследени со силен ветер со брзина над 60 километри на час и изолирана појава на град.
Дневната температура ќе достигне околу 31 степени, но поради облаците и врнежите времето ќе биде попријатно отколку изминатите денови.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Во одделни делови од котлината постои можност за краткотрајно невреме со грмежи, засилен ветер и локална појава на град.
До вечерта врнежите постепено ќе престанат, облачноста ќе се намали, а ноќта ќе биде свежа и претежно ведра.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

