11 мај 2026
• од Темелко Тошев
Еден од најтешките и најпотресни кривични случаи во поновата македонска историја денеска повторно се најде пред судските органи. Апелацискиот суд во Скопје ги разгледува жалбите за првостепената пресуда за свирепите убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Процесот пред второстепениот суд доаѓа откако жалби поднесоа двете страни. Одбраната на осудените бара преиспитување на вината и изречените казни, додека Основното јавно обвинителство (ОЈО) ја оспорува ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања. Обвинителството смета дека има доволно докази за негова инволвираност, иако првостепениот суд го ослободи поради недостиг на докази.
Во јуни минатата година, Кривичниот суд во Скопје донесе строги пресуди за главните обвинети. Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на најтешката казна – доживотен затвор. Тие беа прогласени за виновни за грабнување и свирепо убиство на двете жртви.
Во истиот процес, судот донесе ослободителна пресуда за Александар Ѓорчевски, потег на кој обвинителството веднаш најави жалба.
Според официјалното обвинение, мотивот за киднапирањето на 14-годишната Вања бил користољубие, односно план за изнуда на пари од нејзината мајка.
Двата случаи ја згрозија јавноста во ноември 2023 година, кога по обемна истрага, безживотните тела на Вања и Панче беа пронајдени на 3 декември во околината на Скопје и Велес.
Одлуката на Апелацискиот суд се очекува по разгледувањето на сите правни наводи во поднесените жалби. Судот може да ја потврди веќе изречената пресуда, да ја преиначи во одреден дел или целосно да го врати предметот на повторно судење пред првостепениот орган.
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

