11 мај 2026
• од Темелко Тошев
Наместо со убави спомени и насмевки, група ученици се вратиле од петдневна екскурзија со трауми, откако биле сведоци на физички напад врз нивно соученик од страна на возачот на автобусот.
Случајот го сподели родител на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), пренесувајќи ги зборовите на својата 11-годишна ќерка која била присутна на немилиот настан.
Според објавата на профилот под псевдоним „Гилмор од Мк“, инцидентот се случил на враќање од екскурзијата, а причината за ваквата насилна реакција на возачот била банална – на едно од децата му се истуриле соленки на подот во автобусот.
„Ќере (11) се врати од 5 дневна екскурзија со траума. Кога се враќале, на некое дете му паднале соленките во автобус, шоферот застанал и почнал да му урла на детето на цел глас да ги собере по што и му удрил шамар!!!“, стои во шокантната објава.
За среќа, одговорната учителка веднаш реагирала за да ги заштити децата. Според сведоштвото, таа повикала полиција која веднаш излегла на терен.
Зошто е ова важно? Овој инцидент повторно го отвора прашањето за критериумите по кои се избираат превозниците за училишни екскурзии и психолошката подготвеност на лицата на кои им се доверува безбедноста на најмладите.
Останува да се види дали надлежните институции и училиштето ќе покренат соодветни постапки против превозникот и насилниот возач.
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

