10 мај 2026
• од Темелко Тошев
Трагичниот настан во Пјаченца, Италија, каде Македонецот Хако Витанов си ја одзеде сопругата Милена, а потоа самиот се пријави во полиција, ја потресе јавноста. Но, зад сувите полициски извештаи се крие уште една болна вистина – крикот за помош кој никогаш не резултирал со повик.
Катерина Котеска-Стисниовска, позната македонска адвокатка со долгогодишно искуство во семејното право и борбата против семејното насилство, преку социјалните мрежи сподели детали кои го кршат срцето. Таа открива дека Милена се обидела да стапи во контакт со неа пред само неколку месеци.
Според сведоштвото на адвокатката, Милена живеела во страв, што се гледало дури и во начинот на кој се обидувала да побара правен совет.
„Срцето ми се скрши... Жртвата ме контактирала. Ми пиша и ги бришеше пораките, а јас ѝ оставив телефон да ми се јави кога и да може“, открива Котеска-Стисниовска.
На 5 октомври 2025 година, Милена напишала дека ќе ја побара „во прва можна прилика“. За жал, таа прилика никогаш не дојде. Наместо гласот на Милена на телефонската линија, пристигна веста за нејзиното брутално убиство.
Адвокатката во својата објава укажува на тешката емоционална состојба во која се наоѓала жртвата. Покрај семејното насилство, Милена носела и огромен товар на болка поради загубата на својот син, кој претходно загина во сообраќајна несреќа.
Оваа трагедија служи како најсуров потсетник за последиците од молчењето и трпењето. Адвокатката упати директен и остар апел до сите жртви на насилство:
Стоп за насилството! Приказната за Милена е болен потсетник дека секоја избришана порака може да биде последен обид за спас. Ако познавате некој што трпи насилство или вие сте во таква ситуација, не чекајте „соодветна прилика“ – пријавете веднаш.
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

