11 мај 2026
• од Темелко Тошев
Нова несреќа ја потресе скопската јавност откако 17-годишна девојка заврши со тешки телесни повреди по пад во отвор за лифт во објект во изградба. Инцидентот се случил во раните утрински часови во текот на изминатиот викенд.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во полицијата неколку часа по самиот настан.
Од СВР Скопје ги соопштија следните информации во врска со несреќата:
Веднаш по падот, девојката била префрлена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите ги констатирале тешките повреди и и укажале неопходна медицинска помош.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат кратко од полицијата.
Остануваат отворени прашањата како малолетничката пристапила до градилиштето во 4 часот наутро и дали објектот бил соодветно обезбеден и ограден согласно законските прописи за безбедност при градба. Инспекциските служби и полицијата работат на утврдување на евентуална одговорност на изведувачот на работите.
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

