22 јули 2026
• од Темелко Тошев
Доколку надлежните институции не преземат итни и сериозни мерки, постои ризик од поголема катастрофа во Гостивар – труење со храна и појава на заразни болести како хепатитис А. Ова денеска од Гостивар го порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче истакна дека актуелната ситуација со неисправната вода за пиење бара итна реакција од здравствените власти и повика на одговорност, бидејќи, како што посочи, станува збор за директна заштита на здравјето на граѓаните.
„Ако и понатаму се користи небезбедна вода, се заканува уште поголем ризик, а тоа е труење со храна. Доколку храната не се мие и не се третира правилно, постои сериозна опасност од труења, а потоа и од појава на болести како што е хепатитис А. Не смееме да дозволиме една криза да доведе до нов и уште поголем здравствен ризик“, предупреди Филипче.
Лидерот на СДСМ побара од надлежните институции веднаш да одговорат на клучните прашања поврзани со безбедноста во угостителскиот сектор, односно каква вода се користи во објектите каде што се подготвува и служи храна и кој врши контрола врз истата.
„Каква вода се користи во рестораните? Со каква вода се мијат садовите и приборот за подготовка на храна? Каква вода се користи во објектите каде што има масовни собири, како што се свадбите и другите прослави? Од каде се обезбедува таа вода и кој гарантира дека е безбедна?“, праша Филипче, апелирајќи на итно расчистување на овие дилеми со цел да се спречи евентуална епидемија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

