21 јули 2026
• од Темелко Тошев
Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и подготвување храна останува на сила сè додека лабораториските анализи не ја потврдат нејзината безбедност. Инспекциските служби продолжуваат со засилени контроли на терен со цел целосно расчистување на случајот кој го загрози здравјето на граѓаните.
Ова го истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, на денешната прес-конференција во Владата.
„Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба. Ја уверуваме јавноста дека нема да дозволиме ниту еден аспект од постапката да остане неиспитан“, порача Миланов.
Реакцијата на институциите уследила по добиено известување од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар и пријава од МВР Гостивар за можна нарушена безбедност на водата за пиење.
Согласно законските надлежности, на 16 јули во доцните вечерни часови, инспекциските служби на АХВ, во соработка со Министерството за животна средина, ОЈО и крим-техника при МВР Гостивар, спровеле вонредна контрола во водоснабдителниот систем во село Вруток.
Со надзорот било утврдено фрапантно прекршување: во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво и без одобрение, биле поставени пумпи кои директно вбризгувале вода од реката Вардар во водоснабдителниот систем. За да се спречи поголема опасност по населението, АХВ веднаш издала времена забрана за употреба на водата.
За прецизно утврдување на степенот и обемот на загаденоста, стручни лица од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) првично зеле четири мостри од водата за тестирање од следните локации:
Во текот на вчерашниот ден, активностите биле значително проширени. Инспекторите на АХВ зеле дополнителни официјални мостри од целиот систем, со посебен фокус на:
Директорот на АХВ нагласи дека целта на вонредните засилени мерки кај операторите со храна во Гостиварско е да се обезбедат релевантни резултати врз основа на кои ќе се преземат понатамошни чекори. Агенцијата најавува дека во рамки на своите овластувања ќе ги преземе сите неопходни мерки против субјектите кај кои ќе се утврдат пропусти или непочитување на законите.
„Апелираме до граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на надлежните здравствени институции и локалните власти во однос на користењето на водата за пиење, сè до добивањето на конечните лабораториски резултати од ИЈЗ и целосното нормализирање на состојбата“, потенцираше Миланов.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

