21 јули 2026
• од Темелко Тошев
Бугарскиот портал Lupa.bg објави напис во кој се тврди дека бугарската Фондација „Македонија“ изработила национална мапа на фирми во Бугарија кои, според нив, се поврзани со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот „олигархиски круг“. Според тврдењата во статијата, профитот од овие бизниси се користи за финансирање на „антибугарска кампања“ во Република Северна Македонија.
Претседателот на фондацијата, Виктор Стојанов, за порталот изјавил дека процесот на собирање податоци траел три недели.
„Околу 6.000 Македонци развиваат бизнис кај нас. Според нашите податоци, на наша територија дејствуваат 30 фирми на лица блиски до владејачката ДПМНЕ. Нивните сопственици не ги поднесуваат Бугарите кои им се клиенти. Повикуваме на бојкот на овие македонски фирми. Ако некој забележи неправилности, нека пријави во НАП (Националната агенција за приходи), Агенцијата за вработување, РЗИ и слично. Ние веќе поднесовме најмалку 50 пријави до НАП. Нека се затворат овие друштва за да можат обичните Македонци да развиваат бизнис кај нас“, изјавил Стојанов.
Во својата изјава, тој директно ги споменува сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделески, како и бизнисменот Орце Камчев, обвинувајќи ги дека остваруваат профит на бугарскиот пазар, додека истовремено водат „антибугарска политика“ и помагаат во „политиката на омраза кон Бугарите“.
Според Стојанов, македонскиот премиер Христијан Мицкоски поседува бизниси во Бугарија поврзани со транспортни услуги и трговија на мало со прехранбени производи, кои се концентрирани главно во југозападниот дел на земјата. Во текстот се изнесува и тврдење дека премиерот преку својата партија управува со бизниси во Бугарија вредни над 60 милиони евра и дека „ги усогласува сите свои дејствија со Белград“, користејќи го бугарскиот пазар за пристап до Европската Унија.
Порталот Lupa.bg објави и листа на лица кои ги квалификува како „луѓето на Мицкоски кои заработуваат на грбот на Бугарите“:
Извор: <!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!---->Lupa.bg
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

