04 септември 2026
• од Темелко Тошев
Инфлацијата е данок на сиромаштијата, а падот на куповната моќ на граѓаните е алармантен. Ова го истакнува Љупчо Зиков, предупредувајќи дека платите веќе одамна не го следат растот на цените, што создава сериозен притисок врз животниот стандард на граѓаните.
Според Зиков, поскапувањата се очигледни на секој чекор, независно од тоа каков е официјалниот наратив на институциите. Куповната моќ во последните години е значително намалена, а инфлацијата немилосрдно ги „јаде“ дури и повисоките примања.
„Драматичен пораст на цените имате, без разлика дали некој тоа ќе го признае или нема да го признае од владата. Значи, излезете по дуќаните, излезете во рестораните, излезете во кафулиња – тоа се гледа“, посочува Зиков.
Во својата анализа, тој прави јасна дистинкција меѓу влијанието на кризата врз обичните граѓани и врз реалниот сектор. Според него, товарот е нерамномерно распределен:
Зиков предупредува на сериозните општествени ризици доколку не се преземат соодветни мерки, користејќи го терминот „пакостна сиротиња“ за да ја опише точката на кршење кај граѓаните.
„Во еден момент ти се стемнува и тогаш се прават тие побуни. Во многу држави на Балканот имавме такви случаи – во Романија, во Бугарија, во Србија во неколку наврати“, потсетува тој, укажувајќи дека игнорирањето на осиромашувањето може да доведе до социјални немири.
Излезот од оваа ситуација Зиков го гледа во проактивната улога на владата, која има обврска будно да го следи и штити општиот стандард на граѓаните.
Неговиот заклучок е дециден: неопходно е да се случат едно или неколку зголемувања на платите.
Иако е свесен за економските контра-аргументи – дека растот на платите може да се протолкува како „директно подгревање на инфлацијата“ – тој смета дека заштитата на стандардот во овој момент мора да биде приоритет над сè друго.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

