04 септември 2026
• од Темелко Тошев
Заменик-претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС и членка на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деница Сачева, упати барање до комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О'Флаерти, итно да го разгледа случајот на Ива Михаилова.
Според информациите што ги пренесуваат бугарските медиуми, властите во Северна Македонија веќе десет месеци не ѝ дозволуваат на Михаилова да замине на неопходно медицинско лекување во Бугарија.
Во писмото упатено до О'Флаерти, Сачева бара од него да изврши увид во овој случај и да апелира до македонските власти да ја преиспитаат нивната одлука со која се оневозможува третман во странство.
„Ве повикувам да го истражите овој хуманитарен случај што е можно поскоро и да побарате од властите на Северна Македонија да го преиспитаат одбивањето на неопходното медицинско лекување на г-ѓа Ива Михајлова во странство“, се наведува во писмото на Сачева.
Овој случај, како што пренесуваат бугарските медиуми, се поврзува со пошироките тврдења за наводен институционален притисок врз лица во Северна Македонија кои се изјаснуваат како Бугари. Во тој контекст, се споменуваат и неколку други неодамнешни и минати случаи. Меѓу нив е случајот на Љупчо Ѓоргиевски, чија жалба неодамна била одбиена по пресудата за ширење расистички и ксенофобични материјали поради објавување цитат од Иван Михајлов, како и случајот на 72-годишниот Драги Каров, кој доби условна казна за коментар на социјалните мрежи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

