03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Арбен Таравари во своето најново гостување во поткастот „Почетна пресметка“ отворено зборуваше за уставните измени, вметнувањето на Бугарите во преамбулата и за позициите на политичките партии во земјава по ова клучно прашање.
Според Таравари, не постои дилема дека уставните измени се неопходен чекор за државата. Тој истакна дека, според неговите согледувања, ВМРО-ДПМНЕ суштински не се противи на самиот чин на вметнување на Бугарите во Уставот, туку нивната резервираност доаѓа од други причини.
„Јас мислам дека и ВМРО има ист став, немаат нешто против Бугарите да бидат вметнати во Уставот и апсолутно треба Бугарите да бидат дел од Уставот, односно од преамбулата,“ изјави Таравари во поткастот.
Тој појасни дека главната пречка претставува неизвесноста од евентуални нови барања во иднина.
„Стравот, колку што знам на ВМРО, е да нема после други условувања откако ќе се вметнат Бугарите,“ додаде тој, посочувајќи на загриженоста од континуирани блокади на евроинтегративниот процес.
Осврнувајќи се на пошироката регионална слика, Таравари нагласи дека добрососедските односи се основа за напредок и стабилност. Тој посочи дека официјална Софија во моментов одржува одлични релации со другите земји од регионот и дека Македонија треба да го искористи тој моментум за сопствен бенефит.
„Односите на Бугарија и со Косово и со Тирана се прекрасни, така што само недостасува уште Македонија тука да влезе во таа група на соседни држави кои соработуваат убаво,“ заклучи Таравари.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

