03 јули 2026
• од Темелко Тошев
По неколкудневна интензивна истрага, полицијата приведе три лица осомничени за бруталниот напад врз 14-годишно момче, кој се случи минатата недела на подрачјето на скопската општина Гази Баба (населба Ченто).
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), тешкиот инцидент се случил на 22 јуни околу 23:05 часот. Тројцата осомничени првично физички го нападнале малолетникот, по што му нанеле тешки повреди користејќи остар предмет.
Родителите на повреденото момче претходно изјавија дека нивниот син бил нападнат без никаква причина. Според нивните сведоштва, напаѓачите почнале крвнички да го тепаат, по што едно од лицата извадило нож и го прободело детето.
Како последица на тешките повреди и претрпениот шок, 14-годишното момче паднало во бесознание, додека напаѓачите веднаш побегнале од местото на настанот.
Од МВР соопштуваат дека со тројцата приведени веќе се извршени службени разговори во полициска станица. Институциите продолжуваат со работа на предметот и најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

