03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Дали граѓаните ќе заминуваат во пензија под досегашните услови или ќе мора да работат подолго? Ова прашање останува отворено, бидејќи Владата сè уште нема донесено конечна одлука за реформа на пензискиот систем, ниту пак за евентуално зголемување на старосната граница за пензионирање.
Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, следните чекори ќе зависат исклучиво од длабинските анализи и препораки што во моментов ги подготвуваат Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка.
Презентирајќи го двегодишниот отчет за работата на Министерството за финансии, Димитриеска-Кочоска истакна дека меѓународните институции го скенираат пензискиот систем, со фокус на долгорочната финансиска одржливост на првиот и вториот пензиски столб.
„Анализите ќе ни дадат појасна слика за состојбите, но тоа не значи дека Владата автоматски ќе ги прифати сите препораки што ќе бидат понудени“, децидна е министерката.
Една од темите што се очекува да произлезе од овие анализи е токму зголемувањето на старосната граница. Сепак, министерката смирува дека во овој момент тоа е само можност, а не конкретен предлог.
Во однос на дилемата околу старосната граница, Димитриеска-Кочоска го сподели својот личен став – решението го гледа во поголема флексибилност.
Клучниот аларм за реформи не доаѓа само од надвор, туку од самата реалност. Стареењето на населението и континуираното намалување на бројот на работоспособни граѓани сериозно ја загрозуваат иднината на пензискиот фонд. Овој демографски тренд не е изолиран проблем само кај нас, туку претставува ризик за повеќето европски држави.
За да се одржи стабилноста, со ребалансот на Буџетот за 2026 година веќе се обезбедени 19,6 милијарди денари наменети за трансфер кон вториот пензиски столб.
Покрај пензискиот систем, министерката се осврна и на пошироката економска слика, потенцирајќи ги резултатите од изминатите две години:
На крајот, Димитриеска-Кочоска заклучи дека реформската агенда, дигитализацијата и борбата против сивата економија веќе ги даваат првите плодови. Тие не само што ја стабилизираа инфлацијата и овозможија раст на платите, туку и ги отворија вратите за користење средства од европскиот План за раст. Дали тие плодови ќе бидат доволни за да се избегнат болни пензиски резови, ќе покаже времето и извештајот на меѓународните кредитори.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

