03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Екс-премиерот и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, предупредува на огромните финансиски загуби што ги трпи државата поради стагнацијата во евроинтегративниот процес, проценувајќи ги на околу 8 милијарди евра.
Георгиевски преку своја изјава посочи на огромните финансиски бенефити што ги уживаат земјите од регионот кои успешно чекорат кон ЕУ или веќе се нејзини членки, споредувајќи ги со состојбата во Македонија.
„Многу бледо помина во македонскиот информативен простор дека Хрватска досега од ЕУ добила 21 милијарди евра нето, а Црна Гора веќе е вклучена во новиот буџет на ЕУ со 3,2 милијарди евра како нова членка. По оваа логика нашата Македонија губи околу 8 милијарди евра“, тврди Георгиевски.
Шанса за дополнителни средства преку Планот за раст
Изјавата на Георгиевски доаѓа во момент кога во Брисел се кројат планови за наградување на земјите кои покажуваат напредок. Според пишувањата на „Еуроњуз“, кој се повикува на извори од Европската комисија, Европската Унија е подготвена да пренасочи дел од средствата наменети за реформи во Западен Балкан кон земјите што важат за предводнички во тој процес. Во оваа група земји се вбројуваат Црна Гора, Албанија и Македонија.
Според најавите, принципот на прераспределба ќе биде едноставен:
Европската комисија најави дека подетални информации и точни пресметки за прераспределбата на овие средства ќе бидат доставени до земјите членки во текот на овој месец, по што ќе биде појасно колкав дел од овој финансиски колач би можел да заврши во Македонија.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

