03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Димитар Димовски, човек од најтесниот круг на доверба на премиерот Христијан Мицкоски и лице со условна судска пресуда за злоупотреба на службената положба, според сите јавни показатели ќе биде одговорен за владиниот ресор „добро владеење“. Ова следува откако Владата одлучи овој сектор да се укине како самостојно вицепремиерско место и да премине под директна надлежност на кабинетот на премиерот.
Премиерот Мицкоски неодамна ја потврди трансформацијата на секторот за добро владеење, посочувајќи дека функцијата ќе се менаџира преку веќе постоечки секретар во неговиот кабинет.
„Ценам дека како концепт е добар и дека можеби би бил најпродуктивен ако биде дел од мојот кабинет. Во мојот кабинет има секретар што е задолжен за следење на реализацијата на програмата на Владата и на владините политики, па оттука ценам дека би бил соодветен да биде одговорен и за добро владеење. Мислам дека еден член помалку во Владата на ниво на потпретседатели би било нешто што можеме да го претставиме пред јавноста,“ изјави Мицкоски во интервју за телевизија Телма.
Иако премиерот не го именуваше директно, од достапните јавни податоци е јасно дека станува збор за Димитар Димовски. На панел-дискусија одржана во јануари 2026 година, Димовски е потпишан токму со оваа долга и специфична титула: „секретар за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти и инвестиции поврзани со приоритетите на претседателот на Владата“.
Димовски ѝ е добро познат на јавноста по неговото учество во неколку судски процеси за време на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога работеше како раководен државен службеник и близок соработник на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тој воедно беше и член на Извршниот комитет на партијата.
Настрана од судските процеси, опозицијата често го посочува Димовски како директен деловен партнер на премиерот. СДСМ во повеќе наврати обвинуваше дека тој има заеднички бизнис-интереси со Мицкоски во секторот на хидроцентрали преку компанијата „Енерготек“.
Контроверзите се актуелизираа во февруари оваа година, кога сопругата на Димовски, Ефимија Димовска, беше именувана за директорка на Развојната банка. Проблемот настана откако беше обелоденето дека таа е сопственичка на фирма и дел од управувачка структура на друг правен субјект.
„Сега партнерите на Мицкоски добиваат директен линк за своите семејни фирми во Развојната банка. Ова е класичен конфликт на интереси. Ова не е развој на државата, ова е развој на бизнисите на Хидро Мицкоски и неговите партнери,“ реагираа од СДСМ.
За неговата привилегирана позиција во партијата говореа и поранешни функционери од власта на СДСМ и ДУИ:
Доверувањето на ресорот добро владеење на личност со ваков багаж отвора сериозни прашања, имајќи предвид дека овој сектор е клучен за:
Инаку, овој ресор беше воведен како новина за време на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, но и тогаш се соочи со контроверзи. Последниот вицепремиер во овој сектор беше Арбен Фетаи, кој си поднесе оставка откако два месеци воопшто не се појавуваше на работното место, а во меѓувреме на социјалните мрежи објавуваше фотографии од негови патувања низ Тајланд.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

