03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во своето најново гостување во подкастот „Почетна пресметка“ изнесе тврдења дека дел од истакнатите македонски партизани и комунисти, по 1945 година, се разочарале од политичкиот правец на државата и се вратиле на своите чувства дека се „македонски Бугари“.
Според Георгиевски, клучната причина за ваквиот пресврт била политиката на тогашното раководство предводено од Лазар Колишевски, која тој ја опишува како „брза србизација“.
„Тоа се македонски партизани и македонски комунисти кои јасно и недвојбено се бореле против бугарските фашисти дотогаш. Меѓутоа после четириесет и петта година, сфаќајќи дека Македонија тргнува во пат на брза србизација на македонскиот национален простор, едноставно повторно се враќаат на она што сметаат дека биле претходно – по нивната приказна дека се чувствуваат македонски Бугари“, истакна Георгиевски во подкастот.
Како најпознат и најистакнат пример за ова тврдење, Георгиевски го посочи Венко Марковски – човекот зад првата книга напишана на македонски јазик.
Тој потсети на импозантното револуционерно и политичко портфолио на Марковски, нагласувајќи го контрастот меѓу неговиот придонес за македонската државност и неговото подоцнежно заминување.
„Значи човекот кој ја напишал првата книга на македонски јазик бил член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. Бил партизан, се борел против бугарските фашисти, бил член на Президиумот на АСНОМ. И после едноставно човекот сфаќа дека оваа србизација што почнала со Лазар Колишевски не може да се трпи и си заминува за Бугарија, и е јасен во своите чувства дека е македонски Бугарин“, појасни Георгиевски.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

