TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
СПОРТ

Две „четворки“ од Данска и Турција: Дали е ова реалноста на подновената Македонија?

02 јуни 2026

• од Темелко Тошев

Македонската фудбалска репрезентација врза четири натпревари без постигнат гол за првпат по 2015 година. На првите четири средби под водство на новиот селектор Гоце Седлоски очигледно е дека нешто не функционира во навалниот ред.

Билансот на стартот од оваа нова ера е загрижувачки: претрпевме два убедливи порази од по 4-0 (од Данска и Турција), а одигравме и две бледи ремија без голови (0-0) против Република Ирска и Босна и Херцеговина. За да се најде слична ваква негативна низа без постигнат погодок, мора да се вратиме во септември и октомври 2015 година, кога националниот тим „постеше“ на дуелите против Луксембург, Шпанија, Украина и Белорусија.

Објективни фактори за кризата

Факт е дека сите четири ривали во досегашната „ера на Седлоски“ беа квалитетни репрезентации, но факт е и дека во блиското минато сме се носеле и со далеку посилни противници. За да се добие појасна слика за моменталната ситуација, мора да се земат предвид неколку клучни фактори:

  • Процес на подмладување: Македонија минува низ своевидно освежување на ростерот. На последните собири се појавија нови имиња кои допрва треба да акумулираат искуство и да станат важни алки во националниот тим.
  • Отсуството на капитенот: Овој мајско-јунски циклус помина без моторот на екипата, Енис Барди. Неговото неиграње остави огромна празнина во средниот ред, каде што тој вообичаено го има главниот збор.
  • Карактерот на натпреварите: Станува збор за пријателски, подготвителни средби. Ова се натпревари на кои се „тестира“ кој играч е „калап“ за репрезентацијата, па резултатот често паѓа во втор план.
  • Клупска минутажа: Ретко кој од нашите репрезентативци е главен носител на играта во тимот каде што настапува, што директно се одразува на натпреварувачкиот ритам.

Заборавивме ли како се напаѓа?

И покрај сите олеснувачки околности, не може да се прејде преку фактот дека Македонија делува како да заборави да нападне.

И претходно сме играле против силни ривали, но кога перфектно ќе се одбраневме, секогаш ги чекавме нашите шанси – дали преку брза контра или од прекини.

Сега, играта делува „безглаво“ и без доволно енергија. Очигледно е дека ни недостига компактност во транзицијата и смиреност во одлучувачките моменти пред противничкиот гол.

За волја на вистината, за разлика од бледиот дуел со Босанците, во Истанбул против Турција барем се обидовме да се наметнеме. Имаше моменти кога репрезентативците сакаа да креираат повеќе од противникот, а најголемата шанса овојпат не дојде по противничка грешка, туку како резултат на наша изградена акција. Сепак, реализацијата повторно изостана.

Што понатаму?

Недостатокот на минутажа во клубовите е проблем со кој македонскиот фудбал се соочувал и порано. Но, токму во такви ситуации, со тактичка дисциплина и со надчовечки вложувања на теренот, сме знаеле да шокираме фудбалски гиганти како Германија, Италија, Англија и Белгија.

Во моментов, таквите подвизи делуваат многу далечно. По четири натпревари, нула голови и осум примени погодоци, прашањето лебди во воздухот: Дали е ова реалноста на подмладената Македонија под водство на Гоце Седлоски? Останува да видиме дали стручниот штаб ќе ги најде вистинските одговори пред почетокот на следните официјални предизвици.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Условно осуден бизнис-партнер на Мицкоски го презема ресорот за добро владеење?

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Речиси половина милион евра штета од кражби на македонската железница во 2025 година

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Апасиев со остри критики до Костадиновски: Не ви е голема биографијата, туку стомакот

СВЕТ
03 јули 2026

Официјално отворен индустрискиот парк „Балкан“ во Бугарија: Инвестиција од над 14 милиони евра во Ловеч

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Левица бараше една изборна единица и укинување на парите за рекламирање – за „скромните” ДПМНЕ тоа беше апсолутно неприфатливо

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Георгиевски: Македонија губи 8 милијарди евра поради закочениот европски пат

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Сè помалку работници во фабриките: Најголем пад бележи рударството

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Секој петти граѓанин во Македонија под прагот на сиромаштија – најпогодени самохраните родители и многучлените семејства

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Дрвото останува најкористен енергент во Македонија: Потрошени над милион кубици за една година

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Тројца приведени за нападот со нож врз 14-годишното дете во Ченто

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Во пензија на 62 или ќе се работи до 73 години? Се чека конечниот збор од ММФ и Светска банка

ДРУГО
03 јули 2026

Дневен хороскоп - 03-07-2026

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Најчевска: Врсничкото насилство во Аеродром е „огледало“ на нашето политизирано општество

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Вештачење во случајот „Ристов“: Пронајдени отпечатоци и ДНК од судијата на фолиите во кои биле сокриени 350.000 евра

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Наместо зад решетки: 10 осуденици ја издржуваат казната во сопствениот дом со електронски алки

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Арбен Таравари: Бугарите апсолутно треба да влезат во Уставот, сметам дека и ВМРО го има истиот став

МАКЕДОНИЈА
03 јули 2026

Љубчо Георгиевски: Авторот на првата книга на македонски јазик и член на АСНОМ јасно се чувствуваше како македонски Бугарин

ДРУГО
03 јули 2026

Денеска 3 јули 2026 година го празнуваме Свети свештеномаченик Методиј

МАКЕДОНИЈА
02 јули 2026

Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари

МАКЕДОНИЈА
02 јули 2026

СДСМ Аеродром: Бруталното врсничко насилство бара итна одговорност и реакција на институциите

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
02 јули 2026

Евростат: Бугарија со најниска стапка на невработеност во ЕУ во мај 2026 година

МАКЕДОНИЈА
02 јули 2026

Бугарската новинарка Китанова: Мицкоски унапреди српски агент во својата влада – Нов успех за „Српскиот свет“, а ЕУ е сè подалеку

МАКЕДОНИЈА
02 јули 2026

Скопје под вода по вчерашното невреме: Поплавени подвозници, улици, куќи и јавни објекти

МАКЕДОНИЈА
02 јули 2026

Тежок инцидент во КПУ Затвор Штип: Осуденик силувал друг затвореник

МАКЕДОНИЈА
02 јули 2026

Крај за „дивеењето“ на странските возачи: „Безбеден град“ наскоро ќе испраќа казни и за странски таблички

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
02 јули 2026

СКАНДАЛ: Напаѓачите имале калашников и нож, а полицијата го води прободувањето на 14-годишникот во Ченто само како „насилство“

СВЕТ
02 јули 2026

Генерал Гринкевич во Софија: Бугарија е клучен сојузник на источнoто крило на НАТО

МАКЕДОНИЈА
02 јули 2026

Таравари: Албанците се за Бугарите во Уставот, македонскиот политички фактор треба да постигне консензус

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега